Околу 300.000 денари се украдени од сефот на приватната болница „Ремедика“ во Скопје.
Од полицијата информираат дека настанот е пријавен денес во 9:10 часот.
Кражбата е извршена од засега непознато лице.
Полициски екипи вршат увид на местото на грабежот.