Tешка кражба била извршена викендов во црквата „Свети Никола“ во село Маврово.
Од СВР Тетово информираат дека кражбата била пријавена вчера.
-Според пријавеното, сторителот насилно ја отворил вратата и одзел пари. Извршен е увид и се расчистува кражбата, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.