Во охридската полиција попладнево пријавено било пукање од огнено оружје во Општинскиот електромашински центар „Св. Наум Охридски“, објави порталот Охридњуз.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски ја потврди информацијата и посочи дека засега нема информаци за повредени или жртви во инцидентот.
На местото на настанот увид врши екипа на охридската полиција и јавен обвинител.
Повеќе информации за случајот наскоро.