недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Охриѓанец со автомобилот излетал од патот, се здобил со тешки телесни повреди

Охриѓанец со автомобилот излетал од патот, се здобил со тешки телесни повреди
илустарција

На 18.04.2020 во 15,05 часот на магистрален пат Охрид-Ресен, во близина на месноста викана „Прентов мост“ се случила сообраќајна незгода во која Р.Н(73) од Охрид, управувајќи товарно моторно возило „фиат скудо“ со охридски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.

Во незгодата Р.Н се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“.

Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Охрид.