вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Охриѓанка паднала од велосипед, пренесена во болница со тешки повреди

Охриѓанка паднала од велосипед, пренесена во болница со тешки повреди
илустрација

На 22.11.2020 во 12.25 часот било пријавено дека на велосипедска патека кај Центарот за обука на вода во Охрид, С.В.(60) од Охрид, управувајќи велосипед, паднала на патеката, информираат од МВР.

Во незгодата, С.В. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за трауматалогија и ортопедија „Св.Еразмо“ Охрид.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.