Опожарени се две камп приколки и еден помошен објект на езерото Треска. Случајот бил пријавен во полиција изутрината околу 9 часот.
Како што информира МВР, сопственик на едната приколка е С.З. (44) од Скопје, а на другата се уште не се знае сопственикот.
Полицијата презема мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот како и за висината на материјалната штета.