Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово до Основно јавно обвинителство Берово поднесе кривична пријава против Ј.К.(40), Х.М.(21), К.С.(41), Д.К.(54), Д.М.(43), С.К.(37), З.Ч.(40), Т.К.(31), П.К.(58), Б.П.(30), Б.К.(25), Н.Џ.(22), Д.Џ.(26) и Т.К.(40), сите од с.Двориште, беровско, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Пријавените, на 13.01.2021 околу 01.00 часот во продавница во с.Двориште организирале и зеле учество на прослава во затворен простор, со што постапиле спротивно на здравствените прописите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на ширење на заразната болест Ковид 19.