петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Осма жртва во сообраќајка во источниот регион

Осма жртва во сообраќајка во источниот регион

Возачот на возилото „опел астра“ рано утринава почина во штипската Клиничка болница, откако пред два дена излета од коловозот кај новиот мост на реката Брегалница. Тој поминал покрај пешачката патека и удрил во дрво.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА ја потврдува информацијата и вели дека состојбата на совозачот е стабилна и утре од шок соба ќе биде префрлен на одделение.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека од почетокот на годината ова е втора жртва на подрачјето на Полициска станица-Штип, додека на подрачјето на СВР-Штип е осма жртва.

Во текот на вчерашниот празничен ден полициските службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај-Штип спровеле и акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Од извршената акциска контрола откриени се вкупно 22 прекршоци од нив шест возачи управувале со брзина поголема од дозволената надвор од населено место и 16 во населено место. Преземени се 22 мерки за горенаведените прекршоци. Санкционирани се и 26 останати прекршоци. (MИА)