среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Осуденици во затвор продавале марихуана

Осуденици во затвор продавале марихуана

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.А.(29) од Пробиштип, И.Д.(33) од Свети Николе и Т.М.(34) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Пријавените, како осуденици во Казнено-поправен дом Штип, во текот на мај 2020 набавиле марихуана и ја препакувале во ќесиња заради продажба, која на 19.05.2020 била пронајдена од затворските чувари.