петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Ова се деталите за ТРАГЕДИЈАТА во која загина едно лице во близина на Радишани

Ова се деталите за ТРАГЕДИЈАТА во која загина едно лице во близина на Радишани

Од Министерството за внатрешни работи за Прес24 ги даваат деталите во врска со трагедијата којашто се случи предмалку кај Радишани. Надлежните велат дека 63-годишник удрил во двајца велосипедисти, од којшто едниот починал на лице место, а другиот е пренесен во ургентниот центар „Мајка Тереза“.

„Во 15.48 часот е пријавено дека на обиколница, после клучка Радишани во правец кон Тетово се случила сообраќајна несреќа во која возило „мазда“ со скопски регистерски таблички управувано од Р.Р. (63) удрило во двајца велосипедисти: А.Ш. , кој починал на лице место и А.П., кој се здобил со повреди и со возило на ИМП е пренесен во ургентен центар „Мајка Тереза“, изјавија од МВР за Прес24.

Овие се првичните информации, полициски екипи се уште се на терен и вршат увид на место на настанот.