На 12.12.2022 во 16.38 часот во Полициската станица Македонски Брод било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Прилеп, кај с.Латово, Општина Македонски Брод, патничко возило „ауди а4“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Д.Д.(38) од Македонски Брод, удрило во Т.Ј.(61) од Македонски Брод, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Здравствен дом во Македонски Брод.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Македонски Брод.