Пешак се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на локалниот пат кај с.Лисичани, кичевско.
Патничко возило „фолксваген тигуан“, со странски регистарски ознаки, управувано од Џ.Д.(47) од с.Лисичани, удрило во пешакот Р.И.(68) од с.Лисичани.
-Во незгодата пешакот Р.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Кичево за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Увид на место на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кичево.