петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак тешко повреден во Велес

Пешак тешко повреден во Велес

На 10.01.2023 околу 15.35 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Наум Наумовски“ во Велес, патничко возило „фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.Е (32) од Велес, удрило во пешак К.Д.(50) од Велес, информира МВР.

Во несреќата К.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес.

По овластување на Јавен обвинител, увид на место извршила увидна екипа од СВР Велес.