петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Пет лица од Албанија повредени во сообраќајка на патот Струга – Ќафасан

Пет лица од Албанија повредени во сообраќајка на патот Струга – Ќафасан

На 17.05.2022 во 18.50 часот во ОВР Струга било пријавено дека на магистралниот пат Струга – Ќафасан се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со албански национални ознаки, управувано од Л.Б.(23) од Република Албанија и патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со албански национални ознаки, управувано од Ј.Т.(38) од Република Албанија.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Л.Б., неговиот сопатник Ф.Б.(39) и патникот во патничкото моторно возило „пасат“, М.Ф.(38), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобиле Ј.Т. и неговиот сопатник Ф.Б.(35) од Република Албанија, констатирани во Медицински центар Струга, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.