сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Пет лица повредени во тешка сообраќајка на патот Охрид-Струга

Пет лица повредени во тешка сообраќајка на патот Охрид-Струга
илустрација

На регионалниот пат Охрид-Струга вчера околу 12:45 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со охридски регистарски ознаки, управуванo од Д.Ѓ.(32) од Охрид и патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.Р.(25) од с.Биџево, охридско.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „ауди“, Ј.Г.(26) од с.Мислешево, струшко, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатниците во патничкото возило „ауди“, Ѓ.Б.(26) и Е.Ј.(23), двајцата од Струга, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.