понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Петмина повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Петмина повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Пет лица се повредени од кои две потешко во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Плинарата.

Во несреќата учествувале товарно возило „мерцедес“, со гостиварски регистарки ознаки, управувано од З.Н.(44) од гостиварско Здуње и автомобил „опел астра“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Л.К.(51) од Дебар.

-Во несреќата, возачот Л.К. и сопатничката С.К.(20) се здобиле со тешки телесни повреди, а тројца други сопатници, сите од Дебар, се здобиле со телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, информира МВР.

На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Гостивар.