четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пијан свекор со нож се заканувал на снаата во Битола, па заврши со лисици на рацете

Пијан свекор со нож се заканувал на снаата во Битола, па заврши со лисици на рацете

На 17.04.2020 во 15:55 часот на ул.„Влатко Миленковски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.М.(62) од Битола, по пријава на Б.М.(28) од Битола.

Според пријавата, околу 14:50 часот, додека била со нејзината сестра Е.Р. во семејниот дом на ул.„Влатко Миленковски“, започнале расправија со нејзиниот свекор М.М., кој бил во алкохолизирана состојба, при што тој се однесувал агресивно и со нож ѝ упатил закани по нејзиниот живот.

За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.