По судар на автомобил „Рено меган“ и мотоцикл која што се случи во Битола, со тешки телесни повреди се здобил 15-годишник кој што го управувал мотоциклот кој што бил и без ознаки.
Во вилтенот на МВР е наведено следното:
На крстосница од улиците „Илија Николовски Луј“ и „Глигор Прличев“ во Битола вчера во 16:25 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(60) од Битола и мотоцикл „Роад БајкБД 125-5“ без регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди се здобил 15-годишен сопатник на мотоциклот. Двајцата биле пренесени во Клиничката болница во Битола каде има била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.