На 28.07.2021 во 17:05 часот било пријавено дека на регионалниот пат Ресен-с.Царев Двор, после клучката за с.Горно Дупени, патничко возило „опел фронтера“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(46) од Ресен, излетало од коловозот.
На местото на незгодата починал возачот.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Ресен.