вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полицаец тешко повреден, паднал со службен мотор

Полицаец тешко повреден, паднал со службен мотор

На 03.06.2023 во 11.50 часот било пријавено дека регионалниот пат Македонски Брод – с.Самоков мотоцикл „бмв“ сопственост на МВР, управуван од полициски службеник, паднал на коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил полицискиот службеник, констатирани во Градската болница Прилеп, информира МВР.

Извршен бил увид од Полициската станица Македонски Брод, а известен е и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.