вторник, 16. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Полицајци го приведоа поради кражба, а за тоа што го најдоа кај него дополнително ќе одговара

Полицајци го приведоа поради кражба, а за тоа што го најдоа кај него дополнително ќе одговара

На 17.08.2023 околу 17:30 часот на улица „Павле Аврамовски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 23-годишниот С.Д. од гостиварско Чегране.

Тој бил пријавен од 48-годишниот Д.Р. од Охрид дека околу 15:00 часот во Гостивар му одзел личен предмет и избегал.

При лишувањето кај него биле пронајдени и одземени кокаин и нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.