Истрели од огнено оружје попладнево ги вознемириле жителите на селото Долна Матка. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, попладнево околу 16 часот анонимно лице пријавило дека во селото Долна Матка во близина на полициското одделение Сарај, на кејот на реката Треска засега непознати лица пукале со огнено оружје.
На лице место од страна на полициски службеници констатирано е дека лицата имале испукано со огнено оружје во непознат правец, по што со возило со непознати регистарски таблички заминале.
Според информациите од полицијата на лице место пронајдени се 6-7 чаир кои ќе бидат предадени на понатамошно вештачење. Полицијата работи на расчитување на случајот.