ОВР Струга поднесе кривична пријава против З.А.(50) од с.Заграчани, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
При извршен претрес во неговиот дом на 11.05.2020, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 18 патрони – муниција за ловечка пушка кал. 16 мм и смола од хашиш.