четврток, 11. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Потпишал дека ќе биде во самоизолација, па не издржал- за време на полицискиот час 89 лица добиле казна

Потпишал дека ќе биде во самоизолација, па не издржал- за време на полицискиот час 89 лица добиле казна

Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие (30/31.03) на територијата на државата на 101 лица им се издадени решенија за изолација, а 40 лица потпишале изјава за самоизолација.  Oд страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека едно лице што било во изолација не е затекнато во  својот дом.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 89 лица не ја почитувале забраната за движење,  од нив осум се малолетници, приведени се 38 лица, а за останатите лица се изготвени записници.