На 27.02.2023 во 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Рашче, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од малолетник од с.Крушопек, скопско и патничко возило „ренџ ровер“, управувано од Х.И.(45) од с.Рашче, двете со скопски регистарски ознаки.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од с.Крушопек од возилото „фолксваген голф“, а со телесни повреди се здобил малолетниот возач, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.