недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Повредени две малолетнички во Куманово

Повредени две малолетнички во Куманово

На 27.05.2023 во 21.45 часот било пријавено дека во Куманово, на крстосница од бул.“Октомвриска Револуција“, ул.“Иво Лола Рибар“ и ул.“Ѓорче Петров“ патничко моторно возило “опел астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(23) од Куманово, удрило во две малолетнички од кумановско.

Во несреќата со повреди се здобиле малолетничките, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.