сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пожар во автобус со кој се превезувале работници

Пожар во автобус со кој се превезувале работници
илустрација

На 14.11.2022 во 16:00 часот во ОВР Крушево било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Крушево настанал пожар на автобус „сетра“ со крушевски регистарски ознаки, сопственост на превозно претпријатие од Крушево, со кој се превезувале работници на приватна фирма.

Увид извршиле екипи на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево и ОВР Прилеп и било констатирано дека пожарот настанал во пределот на моторот.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Крушево, а повредени лица нема.