На 09.10.2021 во 01:20 часот било пријавено дека во Кичево, во угостителски објект, настанал пожар, при што биле опожарени деловни простории кои ги користела политичка партија.
Од Територијалната противпожарна единица Кичево пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
На местото излегле полициски службеници од Полициската станица Кичево.