Пожар на кат од куќа во сопственост на В.М. (58) избувнал вчера во 14 часот на улицата „Солунска“во Штип.
Во пожарот целосно биле опожарени соба, кујна, трпезарија и тераса.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат.
Причина за настанувањето на пожарот најверојатно била неисправна плинска боца.