На 01.02.2022 во 15.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ордан Чопела“ настанал пожар во куќа сопственост на Г.М.(69) и објект кој се користел како магацин, сопственост на Л.Р.(44).
Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.