понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пожар во три куќи во Ресен, нема повредени

Пожар во три куќи во Ресен, нема повредени

Пожар избувнал вчера утро во куќите сопственост на М.Д. (51), на В.А. (43) и на Н.З. во Ресен во кој биле опожарени покривните конструкции, собите и покуќнината, а при неговото гаснење биле оштетени дел од ѕидовите и покуќнината.

Во пожарот нема повредени.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола.Увид извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен.

Пожарот, како што соопшти МВР, најверојатно настанал на покривот, односно на оџакот од куќата на М.Д..