недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пожар во угостителски објект во Скопје Север, полицаец заврши на Клинички

Пожар во угостителски објект во Скопје Север, полицаец заврши на Клинички

На 26.11.2022 во 02.55 часот во СВР Скопје е пријавен пожар во угостителски објект лоциран во скопската населба Скопје Север, а сопственост на М.М.(35), информира МВР.

Како што велат од полицијата. пожарот е изгаснат, а при интервенцијата за гаснење еден полициски службеник се здобил со повреди и вдишил чад, поради што бил пренесен во КЦ Мајка Тереза.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.