На 29.05.2023 во 11.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан на подрачјето на Аеродром, сопственост на К.К.(36) од Скопје.
-Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а лекар од Итна медицинска помош укажал помош на К.К., поради вдишување на чад, информира МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.