вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Познат идентитетот на загинатиот на патот Гостивар-Кичево, три лица тешко повредени

Познат идентитетот на загинатиот на патот Гостивар-Кичево, три лица тешко повредени
МИА

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила попладнево на магистралниот пат Гостивар-Кичево, едно лице го загубило животот, а три поминале со скршеници.

Од повреди кои ги задоил во сударот, загинал гостиварецот Сенат П. (32) , а потешко се повредени М.М. (24) и дебарчаните Џ.А. (21) и П.Љ. (25)

Според информациите на СВР Тетово, околу 17:30 часот во близина на еден од каменоломите на 4 километри од Гостивар дошло до судир на две патнички возила.

Неофицијално, во сообраќајната несреќа учествувале „Опел астра“ со дебарски регистерски ознаки  и „Рено меган“ со гостиварски регистерски ознаки што го управувал загинатиот Сенат П. Во реното покрај сопатничката М.М. било и три годишно дете, кое по прегледите во гостиварската болница било констатирано дека поминало без повреди.

Во меѓувреме направен е увид од страна на јавен обвинител и екипа на полициската станица Гостивар, а телото на починатиот е предадено на обдукција.

Изминатава недела на сообраќајниците низ полошкиот регион ова втора жртва. Претходно по повреди задобиени во сообраќајна несреќа во болница почина три годишно дете.

МИА