вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Познат идентитетот на загинатото дете од Македонија, повредените се вон животна опасност

Познат идентитетот на загинатото дете од Македонија, повредените се вон животна опасност

Министерството за надворешни работи информира дека денеска на магистралниот пат Ељбасан-Пеќин, Република Албанија, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која загинало осумгодишно дете, A. K. од Гостивар, државјанин на Република Македонија, додека двајца сопатници, T. Б. и Р.К. се вон животна опасност и на лекување во локалната болница во Ељбасан.

Амбасадата на Северна Македонија во Тирана, како што е наведено во соопштението од МНР, е во комуникација со надлежните институции на Албанија и семејството на починатото дете и се ставени на располагање за асистенција во врска со преносот на останките од Албанија.

-Исто така информираме дека на располагање се дежурните телефони на Амбасадата на Македонија во Тирана +355689019198 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075 273 732, стои во соопштението од МНР.