четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Предизвикал сообраќајка и избегал, повредени три лица

Предизвикал сообраќајка и избегал, повредени три лица

На 31.05.2022 во 22.15 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат пред влез на с.Баница, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило, кое го напуштило местото и патничко возило „фолксваген голф“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.А.(32) од с.Баница.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.А., а возачот и малолетен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.