вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Предложен притвор за 33-годишен дилер на марихуана од Дебар

Предложен притвор за 33-годишен дилер на марихуана од Дебар

Јавен обвинител до судија на претходна постапка во Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за 33-годишен жител од Дебар ​осомничен за кривично дело  „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

– Лицето е осомничено дека неовластено им продал наркотична дрога – марихуана на две лица за кои претходно беше отворена истрага на 24 јуни. ​

Осомничениот 33-годишник од Дебар дрогата им ја продал на автопатот Тетово – Гостивар за цена од 8.000 денари, соопшти државното Јавно обвинителство.