четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претепан менаџер на угостителски објект во Центар

Претепан менаџер на угостителски објект во Центар

На 21.11.2021 во 04.00 часот Н.Г.(37) од Скопје пријавил дека на 20.11.2021 околу 23.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, додека бил на своето работно место како менаџер, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат со остар предмет од страна на И.К.(34) од Скопје.

Според пријавеното, причина за недоразбирањето било оштетеното возило на И.К. пред објектот. Како што пријавил Н.Г., потоа на барање на И.К. тој отишол да го викне менаџерот од соседниот угостителски објект.

Во врска со случајот, И.К. пријавил дека околу 22.45 часот во близина на угостителските објекти бил физички нападнат од четири лица кои му го оштетиле и патничкото возило „фолксваген пасат“. Се работи на расчистување на случајот.