вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претепано лице од Велешта од свои соселани

Претепано лице од Велешта од свои соселани

Четириесет годишен жител од струшко Велешта синоќа бил нападнат и тешко повреден од лица од истото село.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски денеска информира дека И.И. (40) бил хоспитализиран во Општата болница во Струга, со тешки повреди на главата.

– По преземени мерки, полициските службеници констатирале дека И.И., на авто-плац кај селото Долна Белица, бил физички нападнат од Г.О. и А.О. од селото Велешта. Против напаѓачите, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, изјави Димоски.