Претреси биле извршени кај неколку лица од Кавадарци и Возарци, фатени се лицата кои краделе нафта од товарни возила во Тиквешко. Оваа информација денеска за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол во СВР Велес.
– Во текот на последните три месеци на територијата општина Кавадарци и општина Росоман извршени се неколку тешки кражби на нафта од товарни моторни возила, градежни машини и земјоделски машини, при што, е украдена нафта. Како резултат на оперативното работење на полициските службеници од ПС ОН Кавадарци на ден 06.12.2018 год. извршени се претреси кај повеќе лица од Кавадарци и с.Возарци и кај истите е пронајдена нафта и предмети со кои се извршувани кривичните дела, појасни Додевски.
Во моментов случаите се документираат, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.
МИА