ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.С.(26) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При претрес во неговиот дом во Кичево биле пронајдени и одземени 13 ќеси со марихуана.
На него му била одредена мерка притвор и бил спроведен во Казнено поправната установа „Затвор Битола“.