Во Полициска станица Прилеп вчера околу 14:40 часот било пријавено дека во Општата болница Прилеп бил донесен С.С.(50) од Прилеп.
Прилепчанецот, информира МВР, се здобил со тешки телесни повреди при изведување на градежни работи во куќа на ул.,,Пчиња“ во Прилеп.
За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.