петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен 20-годишникот кој ја уби својата баба во Драчево

Приведен 20-годишникот кој ја уби својата баба во Драчево

Вчера во скопско Драчево на улицата „Антон Димитров“ се случи убиство, во кое 20-годишниот А.Р. од засега непознати причини ја убил својата баба, 66-годишната Г.Н. МВР веднаш превзеде мерки за расчистување на случајот, и го лиши од слобода А.Р.

„На 10.12.2018 година околу 16,00 часот од слобода е лишен А.Р.(20) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело убиство на неговата баба Г.Н.(66), извршено во домот на А.Р. на улица „Антон Димитров“ во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа на СВР Скопје и Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, се вели во соопштението на МВР.