На 15.11.2022 во 16.10 часот во тетовско Слатино, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 85-годишниот Н.С..
Тој, претходно, со патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово удрил во пешакот Р.И.(62) од Тетово и го напуштил местото.
Притоа, пешакот се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.