четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец во Штип, украденото вратено на сопственикот  

Приведен крадец во Штип, украденото вратено на сопственикот  

По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Е.М.(20) од Штип.

Тој се сомничи дека извршил кривично дело „кражба“ и на спортско игралиште во Штип одзел предмет од граѓанин.

Украденото  било пронајдено и вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против Е.М. до ОЈО ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.