На 06.08.2022 во 21:10 часот на ул.„Емил Зола“ во Скопје, полициски службеници Одделението за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода Н.Ј.(35) од Скопје.
Тој бил фатен непосредно по извршување на тешка кражба на дрзок начин, при што одзел личен накит од оштетената жена. Кај него бил пронајден предметот и бил вратен на оштетената.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.