сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен разбојник, дел од одземено е пронајдено и ќе биде вратено на сопственичката

Приведен разбојник, дел од одземено е пронајдено и ќе биде вратено на сопственичката

На 05.04.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Чаир го лишиле од слобода Р.Б.(74) од Скопје.

Тој се сомничи дека во текот на денот убедил тројца малолетници од Шуто Оризари да извршат разбојништво врз Ф.П. во нејзиниот дом, при што одзеле пари. Имено, тој со возило ги однел децата до куќата и им посочил како да го извршат делото.

Откако го сториле делото парите ги поделиле, од кои дел се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственичката. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.