понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен разбојник во Скопје

Приведен разбојник во Скопје

Полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров при СВР Скопје денеска (09.06.2023) во Скопје го лишија од слобода П.Ј. (32) од Скопје поради основи на сомнение дека денеска околу 9 часот се обидел да изврши разбојништво во спортска обложувалница во с. Волково, скопско.

Кај П.Ј. е пронајден пластичен пиштол и облеката што ја користел при вршење на кривичното дело. П.Ј. се сомничи и за други извршени разбојништва на подрачјето на Скопје.

Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со надлежен јавен обвинител, ќе биде поднесена кривична пријава.