Денеска (15.11.2022) во 14:50 часот на ул.„Исаија Маџовски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ѓ.(44) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.