Денеска (19.07.2022) во 13.30 часот од улица ,,Тодор Чангов“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(36) од Скопје.
За него била распишана Централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје со која се барал за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.